МЕТРОПОЛ
Кинеско летало се врати на Земјата со 34,6 килограми експериментални примероци

Леталото Шенжу-18 се врати на Земјата со 34,6 килограми експериментални примероци донесени од вселенската станица, а тие би можеле да се искористат за создавање материјали надвор од Земјата, јавува денеска Меѓународното кинеско радио.
Собраните примероци би можеле да послужат за унапредување на развојот на ласери со вселенски влакна, но и за олеснување на создавањето материјали надвор од Земјата, како и за истражување на изгледите за живот во космосот.
Примероците вклучуваат микроорганизми, легирани материјали и наноматеријали кои тешко се прават на Земјата.
Извор: Xinhua