ЗАБАВА
Кинез освојува играчка од речиси секој автомат


Алсат
03.08.2020 14:59
35-годишниот Цен Жетонг од Кина освојува играчка од речиси секој автомат на кој си ја пробал среќата. За само една година тој освоил повеќе од 15.000 играчки. Жетонг научил неколку потези во оваа игра што го прават успешен, а сопствениците на автомати честопати го молат да не игра. Тој во својот дом има десетици илјади играчки и повеќето од нив ги донира во домовите за деца.