ВЕСТИСВЕТ

Кирби: Дискусиите за прекин на огнот во Газа се конструктивни, има напредок

Портпаролот на Белата куќа Џон Кирби, синоќа соопшти дека има напредок во разговорите за прекин на огнот во Газа, и покрај нападот на либански Хезболах врз Израел кој се случи во неделата.

Advertisements

„Работните групи се состануваат и разговараат меѓу себе, така што секогаш има напредок, а нашиот тим продолжува да вели дека дискусиите се конструктивни“, рече портпаролот на Советот за национална безбедност Џон Кирби.

Нападот со ракети и беспилотни летала врз либанското проиранско движење немаше никакво влијание врз работата на теренот, истакна Кирби, мислејќи на преговорите што се водат во Каиро, Египет.

„Очекуваме овие дискусии да продолжат барем во следните неколку дена“, додаде Кирби.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button