СПОРТФУДБАЛ

Кирил Лазаров: Hема да го потцениме Бриксен

Македонскиот суперлигаш Алкалоид е во очекување на реванш-натпреварот против италијански Бриксен во рамки на Европскиот Куп на ЕХФ. Со висока позитива од 12 гола, „сините“ во Автокоманда ќе го дочекаат ривалот.

Advertisements

Тренерот Кирил Лазаров одлично го имаше анализирано ривалот на првата средба и со чести ротации и измени, го наттрча и надигра. Сега следи меч во Скопје, на кој исто така Алкалоид ќе ја има улогата на фаворит.

„За мене малку неочекувано во овој период на годината, дојдовме до висока и убедлива победа против квалитетен ривал од Италија. Знаеме дека нивниот ракомет е во подем како репрезентативен така и клупски, така што високата гол-разлика е неочекувана. Одигравме еден квалитетен меч, ни одеше сè од рака и резултатот од Италија не е реален. Се одлепивме во последните минути, во 50 минута беше само четири гола предност, па така нема да го потцениме ривалот, иако можам да кажам дека сме поквалитетен противник од нив. Ракометарите одиграа одлично, ни следува реванш во Скопје, со истиот противник. Сакам и очекувам да победиме, заради нашиот рејтинг и македонскиот ракомет. Доста добро се подготвивме за овој натпревар и спремни ќе го дочекаме натпреварот против Бриксен.

Искуството ми вели дека треба да се фокусираме на секој следен противник, така што сега ни е Бриксен од Италија. Распоредот е таков и мораме да го прифатиме овој предизвик. Знаеме дека ни следи меч против Еурофарм Пелистер, но мора да одиграме максимално со секого. Сè уште немаме одлучено како ќе играме. Ќе видиме како ќе нè води мечот, така ќе се однесуваме во сабота. Посакуваме да добиеме понеатрактивен ривал, во еден сад мислам дека има понеквалитетни ривали, иако сите што се во ТОП-8 се квалитетни и на високо ниво, од нивото на Европската лига на ЕХФ. “, изјави Лазаров.

Натпреварот меѓу Алкалоид и Бриксен се игра во сабота од 18:00 часот во салата „Автокоманда“.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button