
Кирил Петков, копретседател на коалицијата „Промената продолжува“ која победи на парламентарните избори во Бугарија, во интервју за БНТ коментира дека неговата партија има категоричен став за тоа што треба да се направи во односите меѓу Бугарија и Северна Македонија. Како што јави дописникот на МИА од Софија, според Петков, треба да се формираат работни групи од двете земји – Бугарија и Северна Македонија, во кои, според него, треба да бидат вклучени не само историчари, туку и луѓе од бизнисот, културата и образованието.
Работните групи нема да разговараат само за историјата, туку и за се што може да го поправи добрососедски односи меѓу Бугарија и Северна Македонија.