Клиники и болници повторно стануваат ковид-центри

Како резултат на зголемувањето на бројот на заболени, повторно како ковид-центри ќе бидат претворени Клиниката за кожни болести, Неврологија и дополнителното одделение во Општата болница „8 Септември“. Ова беше предложено на седницата на Комисијата за заразни болести.
„Министерството за здравство ги ангажираше Универзитетските клиники, Институтот за белодробни заболувања и туберкулоза, Детскиот институт во Козле и Специјалната болница за геријатрија дека во случај на зголемување на бројот на заболени кои ќе треба да бидат хоспитализирани, да бидат подготвени за прием на пациенти со Ковид. Во однос на медицинскиот персонал, известени се здравствените установи да ангажираат соодветен медицински персонал за да ги вклучат во работата на Инфективната клиника.“
И покрај зголемувањето на бројот на новозаразени, КЗБ предлага почетокот на второто полугодие да почне со физичко присуство со почитување на постоечките превентивни мерки и протоколи. Во меѓувреме, министерот за образование Јетон Шаќири изјави дека до крајот на неделава ќе биде соопштена конечната одлука за почетокот на второто полугодие, дали ќе остане со физичко присутво или ќе биде онлајн.
„Ниту јас како министер, ниту министерството не одлучуваме. До крај ќе се почитуваат сите препораки на Комисијата за заразни болести. Мојата одлука е во насока на заштита на здравјето, без разлика на формата. Многу ми е важно што сите основци и средношколци со нетрпение го очекуваат почетокот на учебната година. Ова затворање беше привремено, чекајќи варијантата Омикрон да го достигне својот врв и да почне да паѓа.“
Властите потсетуваат дека и покрај зголемувањето на бројот на заболени од најновата варијанта, омикрон дава полесна клиничка слика во споредба со претходните мутации. Искуствата од различни земји во светот покажуваат дека и покрај хоспитализациите, Омикрон не влијае сериозно на долниот респираторен тракт. Вакцинацијата останува главна препорака за надминување на Ковид 19.
Vjollca Aliti