ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Клиниките и болниците во земјава се вратија во нормала после корона-шокот

Клиниките и болниците во земјава се целосно стабилизирани од состојбата со пандемијата. Нивните простори ги напуштија сите пациенти со Ковид и сега апаратотите за дишење повеќе не се најбарани во здравствените установи. АЛСАТ контактираше некои од клиниките и болниците кои беа Ковид центри. Од сите ни рекоа дека се вратени во нормала и ги даваат услугите за кои се наменети. Еден од поранешните Ковид центри е Институт за белодробни заболувања, во кој се третираат тешки случаи на туберкулоза. Директорот вели дека на дневна основа прегледуваат по околу 20 пациенти со респираторни заболувања.

„Пред една недела, по завршувањето на процесот на чистење, се вративме во нормални услови за работа со примање на пациенти заболени од туберкулоза и други белодробни заболувања. Веќе две недели не сме ковид центар. Сега служиме како во времето пред да станеме ковид центар, ги лекуваме и дијагностицираме болестите на респираторниот тракт“, рече Сеад Зејнел, директор на Институтот за белодробни заболувања во Скопје.

Зејнели вели дека очекуваат зголемување на бројот на заболени од ковид кои претходно имале хронични белодробни заболувања.

„Очекуваме структурата на пациентите со хронични белодробни заболувања да се смени малку, односно да имаме почести случаи на пациенти кои го поминале ковид и можат да се јават тука за разни проблеми, бидејќи ковидот не само што ги оштетува белите дробови, туку ги комплицира и другите системи на организмот. Бидејќи сме респираторен центар чекаме да ни се појават пациенти кај кои ковидот оставил последици на белите дробови“, изјави Сеад Зејнел, директор на Институтот за белодробни заболувања во Скопје.

Во моментов, бројот на активни случаи со корона вирус во земјава е околу 150. Од почетокот на пандемијата заболеа над 155 илјади граѓани.

Вјолца Алити

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button