ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Клиниките се враќаат во нормала, минатово деноноќие 112 нови заболени, 13 починати

Во последните 24 часа рекорден број пациенти излекувани од корона. 2.179 заразени ја добија битката со Ковид 19, голем број каков што досега немало во дневните извештаи на Министерството за здравство и Институтот за јавно здравје. Тестирани биле 4.196 лица, од кои 112 биле позитивни, што процентуално значи 2,7% од вкупниот број тестови. Бројот на жртви е 13. Министерството за здравство информира дека состојбата во болниците и Ковид центрите е стабилна и оти повеќето клиники се враќаат во нормала.

„Вкупниот број на позитивни и сомнителни пациенти со КОВИД 19 кои се лекуваат во инфективните одделенија во главниот град и во болниците во земјата е 536. Има околу 870 слободни кревети во ковид-центрите. Поради значителното намалување на бројот на заболени, болниците затворија дел од капацитетите наменети за пациенти со Ковид-19“, велат од Министерство за здравство.

Во болницата „8 Септември“ се хоспитализирани 75 пациенти, а 69 на Клиниката за инфективни болести. На Институтот за белодробни заболувања има само четворица пациенти, а на Клиниката за детски болести во моментов има само едно хоспитализирано дете со Ковид-19. Вкупно 207 пациенти се лекуваат во инфективните одделенија во главниот град. Повеќето од нив се на кислородна поддршка.

Вјолца Алити

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button