КОШАРКАСПОРТ

Кливленд Кавалирс, e единствeнаta екипа без пораз во НБА

Кливленд Кавалирс има една титула во НБА лигата, но дури и во годините кога таму играше Леброн Џејмс, тимот не почнал сезона како оваа. Tимот од Охајо славеше на гостувањето кај Њу Орлинс со 131-122 и сега има биланс 9/0, првпат во 54-годишната историја на франшизата.

Advertisements

Досегашен рекорд беше 8-0 од сезоната 1976/77, под водство на Бич Фич, а која подоцна ја заврши со 43/39. Со оглед на тоа што Оклахома ноќеска загуби од Денвер, Кливленд во моментов е единствен без пораз во НБА лигата.

Се чинеше дека е можно таа серија да биде запрена ноќеска бидејќи Пеликанс во воведниот дел од мечот водеше и со 12 поени разлика, но благодарение на добриот шут и 17. постигнати тројки, Кливленд брзо се врати во играи ја имаше контролата над резултатот во натамошниот дел од мечот. Донован Мичел со 29 поени го предводеше победничкиот тим, исто колку што кај Њу Орлеанс постигна Зајон Вилијамсон. Интересно е тоа што следен противник на Кливленд ќе биде Голден Стејт, тим што го држи рекордот за најдобро отворање на сезоната со 24/0 од 2015/16.

РЕЗУЛТАТИ
Шарлот – Детроит 108-107
Индијана – Орландо 118-121
Атланта – Њујорк 121-116
Бостон – Голден Стејт 112-118
Хјустон – Сан Антонио 127-100
Мемфис – ЛА Лејкерс 131-114
Њу Орлеанс – Кливленд 122-131
Далас – Чикаго 119-99
Денвер – Оклахома 124-122
Феникс – Мајами 115-112
ЛА Клиперс – Филаделфија 110-98
Сакраменто – Торонто 122-107

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button