СПОРТФУДБАЛ

Клоп: Лекарите се обидуваат да ги оспособат Салах и Нуњез за финалето

Јирген Клоп призна дека Ливерпул ќе мора „од ден на ден“ да ја следи ситуацијата со повредите на Мохамед Салах и Дарвин Нуњез пред финалето на Лига купот во недела против Челзи.

Advertisements

Двоецот кој постигна 32 гола за „црвените“ во сите натпреварувања оваа сезона, не беше во составот за мечот со Лутон Таун во средата, со што се појавија информации дека најверојатно не ќе можат да играат и в недела против Челзи.

Клоп вели дека лекарите се обидуваат да ги оспособат за финалето, но засега нема гаранции. Доколку Салах и Нуњез не се опорават, тие ќе им се придружат на Трент Александар-Арнолд, Тиаго Алкантара, Диого Жота, Жоел Матип, Алисон Бекер, Кертис Џонс, Стефан Бајчетиќ и Бен Доак кои се на листата на повредени.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button