СПОРТФУДБАЛ

Клоп: Противникот израмни и не ни разбрав како се случи

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, изрази жалење што неговиот тим пропушти победа против Астон Вила. „Црвените“ имаа два гола предност, но мечот на „Вила Парк“ заврши 3-3.

Advertisements

„Победата ни се лизна, а ја држевме цврсто со двете раце. Игравме многу добар фудбал. Одигравме навистина добро и му направивме огромни проблеми на противникот. Имавме и многу нереализирани шанси, а потоа Астон Вила почна поопасно да напаѓа и често влегуваше во нашиот шеснаесетник. Моравме да направиме корекции, но направивме и грешки“, изјави Клоп.

 

„Тоа беше само почеток. Противникот израмни и не ни разбрав како се случи. Со оглед на ситуацијата во која се наоѓаме, момците покажаа исклучителен карактер. Сакавме да победиме. На 2-3 стана многу тешко. Тоа е сѐ што можам да кажам“, изјави германецот.

Последниот натпревар на Клоп на чело на Ливерпул ќе биде на домашен терен против Вулверхемптон.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button