СПОРТФУДБАЛ

Клубовите од Македонија денес ќе ги дознаат имињата на противниците во Европа

Македонскиот првак Струга ТЛ ги дозна петте можни ривали во пресрет на денешниот ждреб за првото квалификациско коло во ЛШ. Потенцијални ривали на Струга ТЛ се Слован Братислава (Словачка), Линколн (Гибралтар), ТНС (Велс), Балкани (Косово) и Борац (БиХ).

Шкендија и Тиквеш, македонските претставници во квалификациите за Конференциската лига, исто така ги дознаа можните ривали.

Шкендија е носител, но, сепак, има сериозни клубови како можни ривали. Тоа се Вележ (БиХ), Торпедо Кутаиси (Грузија), Малишева (Косово), Ноах (Ерменија) и Ислох Минск (Белорусија).

Тиквеш утре ќе добие ривал од следните пет екипи: Брејдаблик (Исланд), Дуделанж (Дуделанж), Тре Пене (Сан Марино), Сент Џозеф (Гибралтар) и Крусадерс (С.Ирска).

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button