ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Клуч за нелегалните онлајн платформи за коцкање

Клуч за нелегалните онлајн платформи за коцкање

Во рок од две недели се очекува да биде одобрен законот за електронски комуникации, со кој ќе се објави директна војна на нелегалните онлајн платформи за коцкање. Пратеникот на парламентарното мнозинство Бране Петрушевски објасни дека со овој закон преку Агенцијата за електронски комуникации и интернет операторите во земјава ќе биде забранет пристапот до овие платформи.

Advertisements

Тој подвлече дека во моментов нема точна бројка колку такви платформи има, но увери дека една по една сите ќе бидат откриени и забранети.

Парламентарното мнозинство објаснува дека во земјава има многу платформи за онлајн коцкање, кои не се регулирани и не се вклучени во ниту еден закон. Освен што не плаќаат никакви даноци на државата, нанесуваат и сериозни штети на голем број семејства, а псоебно се погодени младите./Алсат.мк

Ајнур Бафќари

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button