ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Книга на жалост во училиштето „Песталоци“ во скопски Центар

Врсниците ги напишаа последните зборови во книгата на жалост за нивната школска другарка, Вања.
Во агол на влезот на основното училиште каде што таа учеше имаше фотографија со црна лента на 14-годишната Вања Ѓорчевска. Тишина го покри училишниот двор.
Во дворот на основното училиште Песталоци во општина Центар денеска владее молк бидејќи на влезот на ова училиште е поставена фотографија од покојната 14-годишна Вања Ѓорчевска, како и книга во која учениците, врсниците, родителите, но и наставниците од ова училиште, пишуваа пораки со сочувство во оваа книга за сега покојната Вања Ѓорчевска.
Во училиштето Вања била ученичка во деветто одделение.
Авни Тахири