Коалицијата АА-Алтернатива најавува иницијатива пред Уставен суд за изборот на Зибери за народен правобранител

Опозицијата не очекува ништо од Насер Зибери како народен правобранител. Алијанса за Албанците и Алтернатива оценува дека ДУИ го избрала својот адвокат, истовремено најавувајќи иницијатива во Уставниот суд за начинот на именување на Зибери за народен правобранител и неговите неодамнешни врски со политиката.
„Не очекуваме ништо. Овој именуван човек, Насер Зибери, кој беше номиниран за премиер на државата, сега се претвора во народен правобранител. Ние навистина не очекуваме дека тој ќе биде на чело на задачата. Ќе покренеме иницијатива до Уставен суд за проценка на уставноста на изборот што се одржа синоќа”, рече Илире Даути, пратеничка на АА.
Партијата Левица проценува дека ниту една етничка група и ниту еден граѓанин нема да имаат корист од Зибери.
Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека Зибери треба да докаже дека нема да работи по диктат на партијата што го избра.
Пратениците вчера го изгласаа Зибери за народен правобранител. Опозицијата гласаше против, а за време на расправата ја нагласи важноста и улогата на народниот правобранител и потребата тој да биде аполитички.
Адриан Керими