ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Коалицијата „Се менуваме“ бара да се вработат нови образовни асистенти

Коалицијата „Се менуваме“ бара да се формира национална агенција за образовни асистенти, која би помогнала точно да се детектираат состојбите и проблемите со кои се соочуваат учениците со посебни потреби во училиштата. Вакво барање оваа коалиција го поднела до Министерството за образование а следува по незадоволството од третманот на овие ученици во училиштата.

Advertisements

За секој ученик со посебни потреби да има личен асистент, од Коалицијата велат дека потребно е за секое дете да биде обезбедено документот за меѓународна квалификација, кој ја одредува функционалноста на детето.

Годинава во сите училишта во земјава се ангажирани 720 образовни асистенти за ученици со посебни потреби, оваа бројка е за 220 поголема од претходната година. Од здруженијата на лица со посебни потреби велат дека не добиле одговор од МОН дали годинава ќе има ново вработување на училишни помошници.

Вјолца Алити

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button