Коалицијата ВЛЕН ги повикува Антикорупциска и истражните органи да постапат по евентуален судир на интереси на пратеникот Елми Азири
Коалицијата ВЛЕН ги повикува Антикорупциска и истражните органи да постапат по евентуален судир на интереси на пратеникот Елми Азири

Коалицијата ВЛЕН ги повикува Антикорупциска и истражните органи да постапат по евентуален судир на интереси на пратеникот Елми Азири, бидејќи според нив, фирмата во сопственост на внукот на неговата сопруга, за една година наплатила 7 милиони денари од државните институции. Како што истакна Бујаре Абази од ВЛЕН, компанијата ги добила тендерите од институциите со кои водел кадар на Артан Груби.
„Време е за акција. Ги повикуваме Антикорупциската комисија, Финансиската полиција и Јавното обвинителство да проверат дали пратеникот Елми Азири на анкетниот лист пријавил дека фирмата на внукот на неговата сопруга е можна околност за судир на интереси. Дали пратеникот Елми Азири го зголемил своето богатство во периодот од јуни 2021 до октомври 2022 година или потоа. Истражете дали тендерите што ги прифатила фирмата „Ритрон Копи Доел увоз извоз“ од Куманово се резултат на политичко влијание на пратеникот Елми Азири“, рече Бујаре Абази, ВЛЕН.