ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Коалицијата ВРЕДИ ја обвинува ДУИ за заробување на правосудниот систем

Коалицијата ВРЕДИ ја обвинува ДУИ за заробување на правосудниот систем

Коалицијата ВРЕДИ ја обвинува ДУИ за заробување на правосудниот систем, подвлекувајќи дека токму извештајот на директорот на струшкиот затвор Ваљон Ќира послужил како основа Апелациониот суд да донесе решение за ослободување на Мијалков, 7 месеци пред истекот на казната. Сулејмани ја наведува содржината на извештајот, кој го опишува како скандалозен и кој, како што рече, во суперлатив говори за однесувањето на Мијалков.

Advertisements

„Цитирам; Истата личност е претставена како внимателна и одговорна личност, со прифатливи морални стандарди на однесување и целосно се придржувал до пишаните правни правила. Во средината каде што престојувал демонстрирал примерно однесување, чесност, добри односи со други осудени лица, коректни односи со службени лица…..01:26 Кадарот на ДУИ, Валон Ќира, со овој извештај практично ја создал основата на одлуката на Апелациониот суд. Апелациониот суд, врз основа на извештајот на директорот на затворот, одлучил Мијалков да го ослободи на 7 месеци пред истекот на казната, а тоа е причината поради која тој денеска е во Монако со Ферари”, рече Дритон Сулејмани, ВРЕДИ.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button