ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Коалиционата Алијанса за Албанците и Алтернатива планира да го спречат одложувањето на пописот со гласање со Бадентер

Алијанса за Албанците и Алтернатива нема да дозволат пописот да се одложи и планираат да го спречат така што нема да гласаат при гласањето со Бадинтер. За двајцата лидери на партиите, Зијадин Села и Африм Гаши, средбата на Зоран Заев и Христијан Мицкоски е еднаква на „нула“. Тие остро ја критикуваат владејачката партија од редовите на Албанците за тоа што го дозволи тоа.

Advertisements

„Коалиционата Алијанса за Албанците и Алтернатива ќе го искористи овој механизам на Бадинтер за да не се одложи пописот и истиот да се одржи во утврдените рокови. Дојде време да паднат маските. Албанците не може на телефон да бидат повикани и од нив да се бара став. Не знам, за ова нека каже Ахмети затоа што си играат бааги многу со него, за жал, со него и со сите тие Албанци кои гласаа за него“.

„Тука сме да не дозволиме такво нешто. Ќе направиме се, ќе ги искористиме сите наши демократски механизми и нашата политичка моќ за да не запре пописот и овој процес да продолжи. Неприфатливо е во таков формат, со исклучување на сите институции во земјава, сите заедници, сите други политички партии, да се обидат да донесат такви одлуки“.

Дијаспората, која веќе значително е попишана, според Коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива, не е глувче за експериментите на Заев. Тие ја повикаа дијаспората да не се демотивираат и да продолжи да се регистрира. ДУИ го подржува договорот меѓу Заев и Мицковски за одложување на пописот, нешто, што според него помага во процесот.

„Одложувањето на теренскиот попис од април за септември ова година претставува исправна одлука. Опозицијата од редовите на Албанците манипулира со чувствата на Албанците во Северна Македонија и со иселениците, во обид да стекнат ситни дневни политички поени“.

Предлогот за одложување на пописот е веќе доставен во Собранието. Според договорот меѓу Заев и Мицкоски, пописот треба да се одложи за септември и дотогаш електронскиот попис за дијаспората да остане отворен. Во меѓувреме, треба да се имунизира населението. Државниот завод за статистика, пак, не ја коментира иницијативата за одложување на пописот. Од оваа институција велат дека појаснувањето на процедурите и начинот на кој ќе се одвива, ќе се направи откако ќе се усвојат и ќе стапат на сила најавените измени.ù

Fatlume Dervishi

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button