Коалициски договор: Обдусманот Мемети во Советот на обвинители

Народниот правобранител Иџет Мемети, најверојатно ќе биде нов член на Советот на обвинители. Алсат дознава дека има коалиционен консензус помеѓу СДСМ и ДУИ околу изборот на Мемети на нова функција. Во Советот за јавни обвинители членовите освен од редовите на обвинителствата низ земјава се бираат и во Собраните. Четворица доаѓаат на предлог на законодавниот дом.
„Четворица членови на Советот ги избира Собраните на Република Северна Македонија од редот на универзитетските професори по право, адвокати и други истакнати правници, од кои двајца се припадници на заедниците кои не се мнозинство во Република Северна Македонија. Мандатот на избраните членови на Советот трае четири години со право на уште еден избор“, се наведува од Советот на јавни обвинители.
Инаку, Иџет Мемети е Народен Правобранител од декември 2004 – та година. На функцијата остана два мандати од по осум години или вкупно шестнаесет години, а официјално функцијата омбудсман му истекува на 24 – ти декември месецов. Според членот 5, став 4 од Законот за народен правобранител, Собранието има законска обврска да ја започне постапката за избор на Народен правобранител и негови заменици три месеци пред истекот на нивниот мандат.
Иако Парламентот постапката требало да ја започне на 24 – ти септември – оглас се уште не е објавен. Алсат цел месец се обидува да добие одговор зошто постапката не е започната но Собранието остана без објаснување. Претседателот на Законодавниот дом, Талат Џафери на една од неформалните средби со новинарите рече дека конкурсот ќе биде објавен кога ќе има политички договор помеѓу партиите, иако народниот правобранител треба да биде независна личност.
Бојан Стојановски