ЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Кочоска: Маслото ќе достигне до 140 денари

Гордана Димитриеска Кочоска од опозициската ВМРО-ДПМНЕ во своето вечерашно гостување во емисијата „Економски Магазин“ на Алсат повика власта да ги пушти во оптек и стоковите резерви со цел дополнително да се ублажи ценовниот шок за граѓаните. Како што рече таа, цената на маслото се очекува да достигне цена од 140 денари по литар.

„Ако на 5-тти ноември знаевме дека ќе дојде до воен конфликт, барем така кажа претседателот на државата, зошто воопшто ништо не се презема по однос на стоковите резерви. Зошто не се пуштат стоковите резерви во промет. Зошто да не им помогнеме на граѓаните дополнително да го ублажиме овој ценовен шок. Последна информација што ја имам од денеска е дека маслото за јадење ќе стигне до цена од 140 денари“, рече Кочоска.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button