ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Кочовска: „Организирањето на онлајн коцкањето во моментов се врши незаконски“

Кочовска: „Организирањето на онлајн коцкањето во моментов се врши незаконски“

Сите онлајн коцкарски компании во моментов работат нелегално, бидејќи од 2017 година наваму, ниту една од нив не поседува важечка лиценца. Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочска рече дека сите наоди се доставени до надлежните институции на истрага.

Advertisements

Димитриеска објасни дека и до ден денес во Министерството за финансии нема регулатива врз основа на која би се доделувале лиценци за организирање на онлајн коцкање.

Пред извесно време со одлука на Владата, а врз основа на автентично толкување на некои членови од Законот за игрите на среќа, беше констатирано дека Државната лотарија доделувала лиценци спротивно на законот./Алсат.мк

Ајнур Бафќари

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button