ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Кочовска: Платите во образованието и здравството приоритет во буџетот за 2025 година

Или до среда (16 октомври) или кон крајот на месецот Предлог-буџетот за 2025 година ќе се најде на владина седница, рече денеска министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочовска.

Advertisements

Таа изјави дека буџетот е во рамки на фискалната стратегија, а приоритет за покачување на платите ќе имаат образованието и здравството.

„Законскиот рок е најдоцна до 15 ноември. Се подготвуваме за Владата во среда, но не можам ништо да ветам, бидејќи има ситници што треба да ги издоговориме уште еднаш со некој од министрите каде што требаше уште нешто да биде скратено, така што доколку не успееме за оваа среда, следната недела нема да бидам тука, значи ќе му дојде некаде на крајот од месецот, вторникот, да се најде буџетот на владина седница. Во однос на контурите, може да се отвори Фискалната стратегија, генерално се движиме во тој круг, тоа што беше предвидено и веќе е објавено и помина веќе на Влада, така што контурите на буџетот за 2025 се во рамки на тоа што е во официјалната стратегија“, рече министерката.

Во однос на платите, напомена дека најобесправени или институции на кои најмалку се внимавало во изминатиот период биле образованието и здравството.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button