‘КОД’: Семејното бизнис стебло на Ахмети „врти“ милиони
‘КОД’: Семејното бизнис стебло на Ахмети „врти“ милиони

Секојдневно се појавуваат сомневања за вмешаност во криминал и корупција на роднините на лидерот на ДУИ, Али Ахмети. По секоја нова информација, се зголемува списокот на по уште еден член од семејството на шефот на ДУИ. Конечно, истражувачката емисија „Код“ го открива стеблото на фирми на семејството на Али Ахмети, кои се вклучени во бизниси во Македонија, а добивале и државни тендери. Покрај внуците и синот на Ахмети, „КОД“ ги открива и фирмите на зетот и ќерката на лидерот на ДУИ.
„Стеблото на семејството Ахмети е пополнето и со уште едно лице. Тој е зетот на Али Ахмети. Тој исто така има листа на компании. Тој е од Ѓаково, Косово… Ако го ставите ова име на бизнис мрежите, но како физичко лице, ќе се појават неколку фирми чиј сопственик е тој. Регистриран е на адреса во Кисела Вода под името ДГНСС Менаџмент КОНСАЛТИН ДОО, филијала Скопје, а Куштрим е сопственик заедно со Ускана, ќерката на Али Ахмети.
КОД ја открива целата мрежа на бизниси на семејството на лидерот на ДУИ, покажувајќи колку компании поседуваат, но и нивната активност. Прво објаснува дека Дрин и Бесијан Ахмети се синови на братот на Али Ахмети, Фекри. Дрин е сопственик на повеќе компании и Тор Индустрис, компанија за развој на градежни проекти со подружница за компјутерски консалтинг. Сопствениик е и на Еверест ЈД, која се занимава со градежен инженеринг, има лиценца за експлоатација на минерални суровини и лиценца за хидроцентрала.
Дрин Ахмети заедно со неговиот брат Бесијан и неговиот братучед Шкумбин, синот на Али Ахмети е сопственик и на „ХелиосПлант“ и „Потам Плант“, кои се компании за производство на електрична енергија. Според КОД, Бесијан е веќе дипломат испратен во Брисел од страна на министрите на ДУИ, Бујар Османи и Крешник Бектеши, за да наоѓа инвеститори.
Додека синот на претседателот на ДУИ, Шкумбин Ахмети, е сопственик и на неколку други компании – на „Архитектас проект студио – Зајас“ од минатата недела има удел во „Мега С Пауер„.
Последователните скандали за внуците и децата на претседателот на ДУИ, Али Ахмети, се појавија откако во јавноста беше објавено дека неговиот внук, Дрин Ахмети, без да вложи ниту денар, во соработка со инвеститор од Албанија, го купил трговскиот центар Соравија во центарот на Скопје. Дрин стана косопственик со 39 отсто од акциите на овој деловен објект, без да инвестира ниту еден денар, притоа заработувајќи капитал од десетици милиони евра. Во емисијата КОД, се открија информации различни од оние кои беа кажани на прес-конференцијата од страна на сопственикот на Соравија и новите сопственици. КОД објавува документи во кои се наведува дека во последниве години, ТЦ Соравија работела со профит за да ги покрие своите кредитни и други трошоци.
Мефаил Исмаили