ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

„Кое поскапување? Сами си правиме селски леб, сирење, дрвата се наши…“

„Кое поскапување? Сами си правиме селски леб, сирење, дрвата се наши...“

Економската и енергетската криза не ги поштеди ниту жителите на планинските села, но има помало влијание врз животот на граѓаните кои живеат во овие региони.

Advertisements

Се снабдуваат со брашно, сол, шеќер, чај и кафе, ретко и со масло за готвење, но останатите основни прехранбени производи сами си ги произведуваат. Се греат и готват на дрва кои не ги купуваат, а трошат многу малку струја.

„Путер, сирење, урда, кисело млеко или јогурт. Овие производи не ги купуваме затоа што си имаме свои. لعبة الروليت في العراق Тоа се наши производи што сами ги правиме, има некои други работи што ги купуваме во градот. Брашно, масло, сол. Брашно немаме бидејќи земјата не е соодветна за тоа. Не се грееме на струја, бидејќи дрвата ги имаме овде од село, сами си ги собираме, ги употребуваме на зима, не користиме струја за греење, туку само за светилките и за други работи во домаќинството“, рече Ајет Шабани, жител на село Малино.

Во медиумите ја слушнале фразата „нè чека тешка зима“, но велат дека тоа нема големо влијание врз нив. بوكر حقيقي Честопати низ годините и онака многу пати им снемува струја, дури и кога немаше енергетска криза.

„Не ни е тешко. Навикнати сме“, рече едно девојче.

Во Малино се едногласни дека во овој период на криза им е полесно отколку на оние кои живеат во градовите.

„Не, не сме почувствувале, фала Богу, бидејќи сме овде во село, инаку ќе бевме во иста ситуација како оние во градот, ги жалиме. كيف تربح في الكازينو Многу е метар дрва 4.500 денари, има и луѓе со социјална помош, парите не можат да ги соберат, не е лесно, потежок им е животот од нас овде во село. Нам повеќе ни недостасува инфраструктура, патишта, амбуланта. За други работи, поинаку е. Не сме толку загрозени како тие во градот“, додаде Ајет Шабани, жител на село Малино.

Поради скапото гориво, селаните сега поретко слегуваат в град, но на есен, а особено на зима, жителите на Скопска Црна Гора и онака велат дека не патуваат многу бидејќи патот им е затрупан со снег. Во декември купуваат резерви дури за до пролет и презимуваат. Во Малино има околу 25 куќи и над 200 жители./Alsat.mk

Ајнур Бафќари

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button