ВЕСТИЗДРАВСТВО

Кога е вистинско време за второ дете?


Сè поголем број двојки се решаваат да имаат само едно дете – пари се малку, па ако имате едно дете, ќе можете да му пружите повеќе отколку на две или три… Сепак, голем е бројот и на оние што сакаат да имаат барем две деца, без оглед на нивната финансиска состојба. Па се прашуваат: кога е најдобро време за второ дете? Колкава треба да биде разликата меѓу двете деца?

Секако, ова е индивидуално, ама експертите велат дека здравствено, најдобро е децата да се родени во временско растојание од 20 до 40 месеци. Зошто толку?

Доколку жената остане бремена за помалку од 18 месеци по раѓањето на претходното дете, се зголемува ризикот второто дете да има помала телесна тежина од идеалната кога ќе се роди, или мајката да се породи порано – причината за ова е што мајката не успеала да ги надомести потребните хранливи материи во организмот меѓу двете бремености.

Интересно е што ако поминат повеќе од 59 месеци меѓу двете бремености, се јавуваат слични проблеми како и во претходната ситуација.

Секако, ова не значи дека децата родени со премала или преголема разлика меѓу две бремености ќе се родат прерано или ќе бидат многу ситни, единствено ризикот е поголем. Затоа се смета дека токму таа разлика од 20 до 40 месеци е идеална за повторно забременување.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button