ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Кога има добра волја, сѐ е можно, вели Ангел Димитров за изнаоѓањето заеднички јазик со новиот тим македонски историчари

Надеж за добра волја во изнаоѓање заеднички јазик со новиот состав на историската комисија од македонската страна. Ова денеска го посочи Ангел Димитров, претседателот на бугарскиот тим и копреседавачот со Комисијата по претпладневниот дел од вториот состанок меѓу македонскиот и бугарскиот тим од Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања меѓу Северна Македонија и Бугарија во Министерството за надворешни работи во Скопје.

Advertisements

„Започнавме едни многу долго водени разговори досега околу претставувањето на Охридската Архиепископија во 11 век. Бидејќи на нашите колеги им треба време за да навлезат во таа проблематика, решивме тоа да го оставиме за следната средба што ќе биде во Софија“, рече тој.

На прашањето кога би се одржала следната средба во Софија, рече дека се уште не е определен точниот датум, дека тоа дополнително ќе се утврдува во насока на можностите на сите членови на Комисијата.

На состанокот не дискутирале за теми поврзани со прегледот на учебниците за седмо одделение во Р С Македонија, но според Димитров, започнале да работат на разгледување на протоколите од претходните средби.

Прашан дали заедничката историска комисија ќе почне со работа од почеток, Димитров рече дека ништо не може да почне од почеток и оти досега е завршена многу голема работа.

„Значи ништо не може да почне отпочеток, завршена е многу голема работа и треба да го уважиме трудот на оваа Комисија“, рече претседателот на бугарскиот тим.

Дали ќе најдат заеднички јазик со новиот состав на македонските историчари, рече дека кога има добра волја, се е можно.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button