Кога ќе заврши автопатот Скопје-Блаце – еве што вели директорот Ејуп Рустеми

Директорот на ЈП „Државни патишта“, Ејуп Рустеми, во „Економски магазин“ на Алсат не даде конкретен датум за завршување на автопатот Скопје-Блаце, но рече дека во неговиот мандат овој проект ќе се реализира.
Тој рече дека за негова желба сите проекти ќе се завршат предвреме, но имало процедури кои ги одолговлекуваат термините.
„Сакам сите проекти да бидат завршени навреме и предвреме. Ќе зборувам за конкретен датум кога ќе го имаме основниот проект, кој се надевам дека ќе го имаме до првиот квартал, ќе имаме брза набавка врз основа на роковите во Европската банка за обнова и развој и нема да имам проблеми во изборот на фирмите, а во моментот кога ќе го избереме изведувачот, тогаш ќе зборуваме за конкретни рокови кога ќе ја имаме реализацијата на овој автопат. Убеден сум дека во овој мандат ќе треба да го реализираме овој значаен проект Скопје-Блаце“, рече Рустеми.