Дизајнирањето автомобили вообичаено се смета за „машка“ работа, но некои од најпопуларните актуелни автомобили се нацртани од женска рака. Жените во последните години се почесто се искачуваат до главните позиции во дизајнерските оддели на автомобилските компании.
Според CNN, компаниите согледуваат дека женската естетика може да даде посебен изглед на возилата, а ова се некои од најпопуларните модели наменети за американскиот пазар кои се дизајнирани од жени.
Acura/Honda NSX
Nissan Titan
Дизајнерката Дијан Ален учествувала во дизајнирањето на некои од најпопуларните SUV возила на Nissan. Моделот Titan наменет за американскиот пазар е првиот што го работела како лидер на дизајнерскиот тим. Вели, дека одамна сфатила дека нема машки или женски дизајн, бидејќи автомобилите треба да му се допаднат на секому.
Mustang GT
Jeep Renegade
Кога размислувала за овој автомобил, Ла Ширл Тарнер водела многу грижа за тоа како изгледот на овој теренец да биде атрактивен и по многу години. Многумина сметаат дека необичните бои и материјали користени за изработка на надворешноста на ова возило се чекор во таа насока.
Извор: srekja.mk