ВЕСТИМЕТРОПОЛ

Кои луѓе се посреќни, оние со повеќе време или оние со повеќе пари? Истражување на Харвард…

Вечната дилема и полемика – дали тие што имаат повеќе пари се посреќни или пак, посреќни се оние кои имаат повеќе време?

Студија на Харвард, објавена неодамна, открива дека најсреќните луѓе имаат повеќе време и помалку пари. Односно, наместо да трошат време за да заработат пари, навистина среќните луѓе ги трошат парите за да добијат време.

Истражувањата покажуваат дека луѓето кои имаат најмногу животни исполнувања повеќе претпочитаат време отколку пари.

Најочигледен факт за бизнисот е дека трошите време за добивање пари. Појдовната идејата е дека колку повеќе пари имате, толку побезбедно ќе се чувствувате. Но, што ако таа претпоставка е заблуда? Токму тоа го тврди и новото истражување.

Анкетата објавена од „Харвард Бизнис Ривју“ опфатила 100.000 возрасни работници. Од нив се дознава дека оние кои биле подготвени да се откажат од заработка повеќе во корист на слободното време, доживеале поисполнети социјални врски, задоволувачка кариера и поголема радост и севкупно пријавени поголеми стапки на општо задоволство.

Што се случува?

Авторот на студијата, Ешли Виланс тврди дека луѓето кои претпочитаат време пред пари – можеби со тоа што одбиваат долгорочни промоции или задачи за аутсорсинг – имаат подобар квалитет на живот.

Виланс го идентификува ова како нешто што се нарекува изобилство на време, што звучи како – луксуз, да имате доволно време да ги направите работите што ги сакате. Таа и нејзиниот тим ги анализирале податоците од институтот Галуп и утврдиле јасна шема: луѓето кои имаат доволно време се посреќни, помалку депресивни, доживуваат поголема радост, вежбаат повеќе, јадат подобро, се попродуктивни.

Зошто се случува ова?

Од повеќе причини, скоро сите се поврзани со начинот на кој го забележуваме и погрешно го разбираме значењето на нашето слободно време.

Луѓето обично преферираат пари на сметка на нивното слободно време, верувајќи дека ќе се чувствуваат подобро поради повисоките приходи. Но, сепак, енергијата на луѓето кои заработуваат повеќе пари не се претвора во среќа и претежно се манифестира со повеќе време посветено на работата. Tоa докажано ги прави луѓето помалку задоволни. Екстра заработка не значи екстра среќа, освен ако не ги искористите тие пари за да си откупите слободни часови во тек на денот.

Вреди да се напомене дека луѓето кои се борат да врзат крај со крај или кои се чувствуваат несигурни во врска со својата финансиска иднина, честопати се чувствуваат посреќни кога избираат пари, вели авторот на студијата, Ешли Виланс.

Во студијата се коментира дека денес е лесно да бидеме заведени затоа што парите се многу моќен симбол во нашата култура. Тие често пати се знак на успех, статус и социјално одобрување.

Сепак, кога станува збор за вашата општа благосостојба, можеби е време да преиспитате што реално може да направи потенцијалот за висока заработка за вас. Ако успехот го користите за да се осигурате дека ќе имате повеќе време и простор да се справите со другите аспекти на животот надвор од работата, веројатно ќе ви донесе корист. Но, работата со цел чиста заработка и профит, особено во замена за слободни часови од вашиот живот, се покажа дека не е најмудриот пат кон среќата.

Извор: hybrid.mk

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button