ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Кои мерки ќе бидат преземени против ВД претседателката на Судот во Куманово

Судскиот совет официјално го започна разгледувањето на барањето на министерот за правда, Кренар Лога, кој минатата недела побара од ова тело да преземе правни мерки против в.д. претседателка на судот во Куманово, Снежана Манев за нејзиниот пристап кон колегите и вработените Албанци Барањето ја содржи одговорноста на Манев за прекршување на системот АКМИС и пристапот кон Албанците кои ги нарекува „неспособни шиптари“.

Advertisements

„На седницата одржана на 18.04.2023 година, координаторот за Основен суд Куманово, Ханиф Зендели, официјално соопшти дека го прифатил барањето на министерот за правда и дека презема мерки согласно законот“, наведуваат од Судскиот совет.

Во рацете на Зендели останува дали по разгледување на барањето на министерот Лога и врз основа на извештајот од посетата на Судот на Куманово, ќе предложи разрешување на в.д. претседател на Кумановскиот суд или ќе реализира нова посета во овој суд. Последново е речиси невозможно бидејќи со прелиминарната посета е утврдена фактичката состојба, додека извештајот бил одобрен на седницата на советот на 13 март 2023 година, но не било преземено ништо во однос на разрешување, и покрај тоа што наодите во извештајот се слични на оние за кои одредени судии завршија во затвор.

Во извештајот е констатирано дека се доцни со постапувањето по одредени предметите и дека тие не се се ажурираат во АКМИС системот, судиите не ги добиваат предметите според АКМИС системот, преку автоматска распределба на предмети, нема унифициран начин за ангажирање на адвокатите на одбраната според службената должност и не се води сметка за човечките односи. Снежана Манев беше критикувана дека уште порано ги нарушувала меѓучовечките односи. Нејзините колеги од Судот во Куманово преку јавно писмо упатено до Судскиот совет се осврнаа на стравот и неизвесноста што ја чувствувале секој работен ден.

Адриан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button