ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Кои се или чии се милионите на Мијалков? Нуди 11, а има само 2 милиони?!

Имотот на поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, мистериозен како и функцијата која ја извршуваше осум години во Управата за безбедност и контраразузнавање. Јавноста секогаш знаела малку како Мијалков ги заработи парите и стана еден од највлијателните бизнисмени, а истовремено извршуваше функција и во администрацијата. По заминување на функцијата од УБК, јавноста остана без информации што пријавил во анкетниот лист на заминување, бидејќи тогашното раководство на Антикорупциска одлучи дека станува збор за таен документ.

Advertisements

Според она што може да се најде на интернет и достапните новинарски извештаи во минатите години, Мијалков во 2015-та, пред да замине од функцијата пријавил имот, накит, автомобили, уметнички слики, оружје и друго, сè на сè во вредност од два милиони евра. Тоа е еден милион повеќе од она што го пријавил кога седна на фунцијата.

ПРИЈАВЕН ИМОТ НА САШО МИЈАЛКОВ:

Во 2015 година пријавил имот од 2 милиони евра

Стан во Прага вреден 200.000 евра

Акции од 150.000 евра

Сопственик на две фирми во Македонија

Дел во странска фирма

Во последниот анкетен лист пријавил стан во Прага вреден 200 илјади евра, акции во вредност од речиси 150 илјади евра, како и информација дека е 100 процентен сопственик во две фирми во земјава и сопственички удел во една странска фирма. Во јавноста Мијалков неформално се поврзува со хотелот Мериот кој беше изграден во центарот на Скопје за време на владата на неговиот братучед Никола Груевски, но и оти евентуално има бизниси поврзани со обезбедување, недвижнини и нафтената индустрија.

Уште откако стана директор на УБК, а на тоа место седна во 2006-та, тогашната опозиција СДСМ обвини дека Мијалков девет месеци доцнел со поднесување на анкетниот лист. Тогаш Антикорупциска го објави јавно и во него се виде дека пријавил станови, гаража и деловен простор во Скопје од вкупно 640 илјади евра, потоа дел од куќа во Штип од 50 илјади евра, акции и сопственички удел од 306 илјади евра, оружје, накит и уметнички слики од речиси 90 илјади евра, како и два автомобили марка „мерцедес“. И тоа е далеку од 10-тте милиони и 800 илјади евра кои ги понуди за да излезе од затворскиот притвор.

Andrea Çobanova

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button