Кои се протоколите за патување во регионот? – Овие се деталите

Нашите државјани кои патуваат во соседните земји се обврзани да ги следат здравствените протоколи. Косово одлучи да го укине условот за трета доза, или две дози и ПЦР тест. Од полноќ за патување во Косово доволно е да имате потврда за вакцинација од две дози, и да го почитувате ограничувањето на движењето од полноќ до 5 часот наутро, единственото место во регионот со полициски час.
Од понеделник Грција одлучи да ја укине обврската за ПЦР тест за оние кои патуваат во грчката држава со две дози. Повеќето од другите соседни земји ги имаат истите протоколи за патување против КОВИД.
Протоколи за патување во регионот
Косово- со две дози вакцини или ПЦР тест
Албанија- со две дози вакцини или ПЦР тест
Бугарија- со две дози вакцини или ПЦР тест
Турција- со две дози вакцини или ПЦР тест
Црна Гора- со две дози вакцина или ПЦР тест
Србија- со две дози вакцини или ПЦР тест
Грција -со две дози вакцини и ПЦР тест
Бидејќи сите земји од регионот од викендов ќе ги усогласат протоколите, граѓаните вакцинирани со две дози ќе имаат слободно прекугранично движење во сите соседни земји.
Протоколите се различни за возраста на децата кои треба да имаат вакцини или негативни тестови. Туристичките агенти велат дека со потешкотии се среќаваат кај деца помлади од 18 години кои не се вакцинирани. Семејствата со неимунизирани деца на возраст од 8 до 12 години треба да направат ПЦР тестови.
„Некои земји имаат до 12, некои други до 8 години. Бугарија бара тестови од 8 години, Грција 12 години, Турција 8 години, Србија 12 години, исто и Албанија. Секоја земја има различни, но овие мерки се 2 неделни и во зависност од Ковид состојбата во тие земји, таа варира“, рече Ермир Имами, туристички агент.
Во меѓувреме, за другите земји од ЕУ нашите граѓани кои патуваат во Европа треба да ја имаат третата доза. Официјален Брисел ја ограничи втората доза за 270 дена, што значи дека по 9 месеци од земањето на втората доза, мора да направите и ПЦР тест, или брз антиген што го бараат различни земји од ЕУ.
Новинар Аднан Ќаили