Кој фрла и пали ѓубре во дивата депонија во Никуштак
Кој фрла и пали ѓубре во дивата депонија во Никуштак

„Оваа депонија повеќе од две децении го загрозува здравјето на жителите на селата Никуштак, Орланци и Грушино, а бидејќи постојано гори и испушта чад, често ги загрозува и животите на патниците кои го посетуваат овој пат “, известува Ајнур Бафќари, новинарка.
Последниот случај беше пред неколку дена, кога на ова место се случи сообраќајна незгода.
Ова ги револтира граѓаните, кои велат дека чадот ја попречува прегледноста на патот, и доведува до бројни сообраќајни незгоди. Слабата прегледност и загадениот воздух остануваат долгогодишен проблем на жителите на ова подрачје. Велат дека овој пат ќе бидат поупорни, се додека за оваа депонија не се најде решение.
Колку долго е таму таа депонија?
„20 години… Секогаш сме поднесувале барање, ни рекоа дека ќе биде … Ова не е зошто сум од село Никуштак, но тоа е лошо.. ако сте поминале таму самите сте виделе како изгледа, постојат опасности, често патот не се гледа. Мора да се отстрани на кој било начин… Мораме да најдеме избор, ќе инсистираме да се тргне”, изјави еден жител.
„Очекуваме да се отстрани, познато е дека тој отпад треба да се рециклира, не се оди во Европа со депонирање на отпадот на улиците…“, рече еден друг жител.
Локалните власти ја префрлаат вината на жителите кои, според нив, фрлаат ѓубре и го палат. Градоначалникот на Општина Липково Еркан Арифи, рече дека депонијата редовно ја одржува Јавното претпријатие, но вели дека граѓаните фрлаат ѓубре и го палат.
„Оваа депонија не е создадена денес, оваа депонија беше пред 2-3 години и оваа депонија комуналното претпријатие ја одржува редовно… Општинското јавно комунално претпријатие го фрла отпадот таму, тоа е реалност, но има и некои неодговорни лица, бидејќи таа депонија е на главниот регионален пат за Скопје, или се враќаат, го фрлаат и потоа го палат ѓубрето, со или без цел и тоа предизвикува непријатна миризба за сите нас”, изјави Еркан Арифи, градоначалник на Липково.
Раководителот на депонијата рече дека во моментов не се размислува за дислокација, туку за заѕидување на депонијата, што според него ќе ја подобри состојбата.
„Депонијата е легална, но општината не е виновна, колку што луѓето се виновни, бидејќи таму се фрла отпад, сум фатил луѓе кои фрлаат ѓубре од Гостивар, од Паланка, од Бутел, не дека ја бранам општината, не е виновна само општината, 80 проценти е виновно населението, многу сме невнимателни, фрламе ѓубре и палиме, тоа е проблем“, рече Имер Рамадани, одговорен за депонијата.
„Секогаш размислуваме да најдеме решение, секогаш како општина сме го отстранувале, но додека не најдеме место – ни треба време за тоа, не можеме да кажеме дека утре ќе го отстраниме, бидејќи не може да се отстрани ниту утре, ниту задутре, зависи од министерството додека не најде вистинско место.“
Бастри Реџепи, еден од општинските советници, кој исто така е жител на Никуштак, се противи на локалните власти.
“Оваа изјава која ја даде градоначалникот, дека граѓаните сами го фрлаат, има некои граѓани, но имаме факти, фотографии, снимки дека и општината фрла . Многупати сме реагирале како жители на оваа земја, но наидовме на игнорантски однос. Апелирам до сите граѓани, да се организираат масовно, доколку е потребно и да се радикализираат… “, нагласи Бастри Реџепи, советник во Општина Липково.
За утре е закажана вонредна седница на Советот на општината на која ќе се расправа за судбината на оваа депонија.
Ајнур Бафќари