ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Која е врската на Груби со бизнисменот кој му дал автомобил од 80 000 евра

Од Владата не ги коментираат информациите кои кружат во јавноста дека сопственикот на опожарениот автомобил што го користел вицепремиерот Артан Груби е косопственик на фирма што го купила хотелот Гранит во Попова Шапка а „Гранит“ пак добил милионски тендер за патот Скопје-Блаце. Овие податоци ги објави неделникот „Фокус“, кој го истражуваше случајот со палењето на автомобилот, неговиот сопственик и неговите деловни врски. Вицепремиерот Битиќи рече дека не е негово да ги коментира овие случувања.

Advertisements

„Мислам дека Основното јавно обвинителство и Државната комисија за спречување на корупцијата рекоа дека го испитуваат овој случај. Искрено, тие треба да се произнессат. Јас не сум ниту дел од Јавното обвинителство, ниту од Комисијата за спречување на корупцијата… освен она што го приложив во мојот анкетен лист, не можам да се осврнам на однесувањето на другите колеги“, рече Битиќи.

Опозицијата инсистира случајот што поскоро да се расчисти. Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека треба да се разјасни што има направено Груби за компанијата и за бизнисменот кој му го дал автомобилот од 80 илјади евра и каква врска има Груби со оваа фирма. Лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски порача дека ова кривично дело треба детално да се истражи.

Опозицијата инсистира да се истражи случајот со пријавувањето на палењето во полиција и сомнежите дека има податоци кои не одговараат на реалноста. Јавното обвинителство вчера соопшти дека започнало истрага за автомобилот, но и за тоа дека автомобилот со кој приватно управувал вицепремиерот Артан Груби бил регистриран на име на друго лице. Додека од антикорупциска велат дека немаат правен простор повеќе да истражуваат за случајот бидејќи нема закони со кои се контролира утврдува изворот на богатството на функционерите.

Мефаил Исмаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button