СПОРТ

Коко Гоф, прва тенисерка во полуфиналето на Ролан Гарос

Aмериканската тенисерка Коко Гоф се пласираше во полуфиналето на Ролан Гарос откако денес во четвртфиналето ја победи Унс Џабир од Тунис со 4:6, 6:2, 6:3.

Третата тенисерка во светот до победата дојде по еден час и 58 минути игра, Џабир е деветта на ВТА листата. Во полуфиналето Гоф ќе игра против подобрата од мечот помеѓу Ига Швојнтек од Полска и Маркета Вондрушова од Чешка.

Преостанатите две четвртфинални средби ќе бидат одиграни утре, а ќе се сретнат: Арина Сабаленка (Белорусија) – Мира Андреева (Русија) и Јасмин Паолини – Елена Рибакина (Казахстан).

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button