СПОРТ

Kоко Гоф, со пресврт до првата грен слем титула

Младата Американка Коко Гоф победи на Ју-ес опен. Во големото финале, Гоф ја победи Арина Сабаленка со 2:1 (2:6, 6:3, 6:3). Мечот на „Артур Еш“ траеше два часа и осум минути.

Advertisements

Kоко Гоф со спектакуларен пресврт успеа да дојде до својата прва грен слем титула во кариерата. Сабаленка, која од понеделник ќе биде број 1 на ВТА листата, целосно доминираше во првиот сет. Без никаков проблем, со два брејка, дојде до 6:2.

Белорусинката подобро влезе и во вториот сет, но неразбриливо го загуби ритамот и дозволи на Гоф целосно да се врати во мечот со своите грешки.

Откако израмнинна 1:1 во сетови, полна со самодоверба, Гоф во решавачкиот сет експресно дојде до 4:0. По петтиот гем Сабаленка побара медицински тај-аут. Потоа и го одзеде сервисот на противничката, но повеќе од тоа не можеше. Во гемот во кој сервираше за победа Гоф не загуби ниту еден поен.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button