ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Колегите се сеќаваат на Исуф Кадриу и неговата посветеност

Колегите се сеќаваат на Исуф Кадриу и неговата посветеност

Исуф беше вистинска енциклопедија, извонреден во професијата, исклучително одговорен како родител и како сопруг. Но, пред се добар пријател. Вака се сеќаваат блиските соработници, на колегата, Исуф Кадриу, кој почина вчера на 52-годишна возраст. Главниот уредник на Алсат ТВ, Адмир Ќосе, заедно со Исуф поминаа 16 години заедно, како колеги, но пред сè како многу добри пријатели. Вели дека е тешко да се прифати оваа реалност. Тој подвлекува дека смртта на Исуф е многу голема загуба за сите, но и за новинарската професија.

Advertisements

„Денот ни почнуваше токму во овие моменти, 8 и 30, се среќававме како секој ден, го пиевме првото утринско кафе, разговаравме за сите работи, политички, социјални, економски состојби, за сите проблеми кои нашето општество ги има….. 04:11 Она штого карактеризираше беше енергијата… Од 2008 година до денес, околу 16 години го делиме работното време ,би рекол, тука бевме семејство. Пораснавме тука… Тука беше неговата куќа, тој за нас беше најголемиот човек во семејството, по возраст, а и по искуство. Тоа е многу голема загуба за нас“, рече Адмир Ќосе, главен и одговорен уредник во Алсат.

За неговата професионалност и посветеност на работа, сведочи и колешката, која го познавала повеќе од две децении. Зериета Хајро Јахјага, со која Исуф работеше во Македонската телевизија и од неодамна на Радио Слободна Европа, вели дека тој бил училиште сам по себе, за сите оние кои го следеле патот на новинарството.

Исуф како што рече Адмир на почетокот, секогаш се сеќавам како првиот што доаѓаше во редакцијата, тивок, но многу настојчив во работата што ќе ја презедеше како задача, за да ја заврши во текот на денот…Во 2001 година имавме интензивна комуникација, бидејќи работевме во телевизијата, но во исто време бевме дописници на РСЛ и тука ги следевме вестите заедно во сè… Се сеќавам, не ретко беше погоден од одредени структури или кругови на кои вестите не им одговараа, тој секогаш прв излегуваше напред и велеше, добро, јас сум уредник на вести, речете дека Исуф наредил така, тоа беше Исуф..“, рече Зеријета Јахјага, новинарка.

Во сеќавање на Исуф, имаше и бројни реакции на социјалните мрежи, каде што многу сегашни и поранешни колеги се сеќаваа на неговата работа./Алсат.мк

Ајнур Бафќари

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button