ВЕСТИСВЕТ

Колесникова го искинала пасошот за да го спречи депортирањето во Украина


Истакнатата белоруска опозициска лидерка, Марија Колесникова, го искинала својот пасош за да го спречи обидот на белоруските служби да ја депортираат во соседна Украина, јавија британските медиуми.

Украински Интерфакс пренесе дека заменик министерот за внатрешни работи на Украина Антон Гараженко на Фејсбук напишал дека Колесникова  „успешно спречи насилно протерување од нејзината матична земја“.

Во последните 24 часа не се знае каде исчезна Марија Колесникова, лидерот на неколкунеделните масовни протести против контроверзната победа на Александар Лукашенко на претседателските избори. Вчера беше јавено дека таа била киднапирана во центарот на Минск и со комбе однесена во непознат правец, а денеска беше јавено дека таа и двајца нејзини соработници рано утринава ја минале белоруско-украинската граница.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button