Колку е безбедна рибата на нашите пазари?!

„Има луѓе што живеат од оваа работа, ќе вадат 5 или 6 килограми, од 150 или 200 денари ќе заработат 1000 денари“…
Ова е една од неколкуте изјави на рибарите покрај Вардар. Некои пензионери ловеле риба за рекреација, а други да заработат.
Првиот што го сретнавме беше пензионер кој лови риба само за рекреација.
Додека овој пензиониран рибар чека да фати риба, некој подолу имал среќа, без оглед на тоа што околу столбовите на мостот има многу ѓубре.
Не мора да бидете експерт да констатирате дека Вардар е загаден, но дали загадената вардарска риба е безбедна за консумирање, одговор добивме од првиот човек на хигиената на Центарот за јавно здравје:
Според загаденоста, реката Вардар важи за една од најзагадените реки во Европа, чија вода, според анализите е небезбедна за секаква употреба. Министерството за животна средина, УНДП и Амбасадата на Швајцарија пред неколку дена започнаа со реализација на проектот за чистење на коритото на реката Вардар, со посебен акцент на неговиот критичен дел.
Авни Тахири