
Не можам да кажам колку е опасна ситуацијата на северот на Косово, но како дејство секако може да ја дестабилизира ситуацијата на северот на Косово, изјави вечерва во Програмата 200 амбасадорот на Косово во Македонија, Флоријан Ќехаја.
„Нема дефинитивен одговор, не сакам да го класифицирам нивото на опасност, но како дејство може да придонесе за дестабилизација на северот на Косово и дека може да има влијанија (барем политички) во земјите од регионот“, рече амбасадорот Ќехаја.
Тој додаде дека Србија ја руши 10-годишната инвестиција на Република Косово на север./Alsat.mk