ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Колони возила на „Богородица“, се чека по 40 минути за влез во Грција

Автомото сојузот на Македонија (АМСМ) соопштува дека интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

На граничниот премин „Богородица“ за излез од државата се бележи зголемена фреквенција на возила. Времето на чекање е околу 40 минути.

На останатите гранични премини од македонска страна, нема поголеми задржувања за влез и излез од државата.

Прекин на сообраќајот има на магистралниот пат Охрид – Подмоље, каде возилата се пренасочува по стариот пат поради сообраќајна незгода.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button