ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Колони возила на „Богородица“, се чека по еден час за излез од државата

Зголемена фреквенција на возила има на граничниот премин „Богородица“ каде за излез од земјава кон Грција се чека по околу еден час, информира АМСМ.
Истото може да се забележи и на камерите во живо на веб-страницата на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП), на кои на „Богородица се забележуваат колони возила.
На останатите гранични премини, како што наведува АМСМ, пак, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.