Колони возила на граничниот премин кон Косово

Одлуката на Владата дека граѓаните можат да се движат без ПЦР тест доведе до долги редици на граничните премини во земјата. На граничниот премин Блаце, редот за излез од Македонија е стотици метри. Исто и редот за влез во нашата земја не е мал.
Граѓаните кои одат во Косово велат дека со нетрпение чекале да се отворат границите, бидејќи со месеци не ги виделе своите семејства. Тие додаваат дека ќе се грижат за безбедноста и ќе ги почитуваат препораките.
“Имаме внуци и вујковци во Косово.”
„Имаме роднини, но јас одам повеќе за забава. Добро е што ги отворија, луѓето имаат потреби, некој има семејство таму. Верувам дека ќе биде добро. Се надеваме дека ќе остане отворено. Ако се чуваме ќе бидеме безбедни, ако не, нема безбедност, ние самите мора да бидеме лекари “.
“Верувам дека е правилна одлука и се надевам дека луѓето ќе ги почитуваат мерките за да не бидат затворени границите, за да одиме почесто“, рекоа патниците.
Граѓаните што влегуваат во нашата земја велат дека доаѓаат за да ги посетат своите роднини во Скопје, Куманово и други места. Според нив, отворањето на границите ќе ги деблокира и бизнисите
„Молам Бога да не се затворат веќе, затоа што и така бројот не се зголемува ниту се намалува, без разлика дали е затворена или отворена границата. Треба да се придржуваме до оние мерки препорачани од здравствените установи. Ако се придржуваме до нив, сè ќе биде во ред”, вели еден патник.
Властите на граничниот премин Блаце велат дека граѓаните почнале да ја преминуаат границата уште по полноќ. Додека најголемиот прилив е забележан од 9 до 11 часот.
„Од полноќ важи одлуката на Владата, и е дозволено слободно движење без ПЦР тест . Најголем прилив има од граѓаните на Република Северна Македонија кои ја посетуваат Република Косово, додека имаме и голем број на граѓани од Република Косово кои ја посетуваат нашата земја“, рече Бесим Асани, командир на полициската станица на граничен премин Блаце
Претставниците на граничниот премин Блаце ги повикуваат граѓаните што ја напуштаат или влегуваат во нашата земја, целосно да ги почитуваат мерките за заштита од вирусот корона.
Мефаил Исмаили