СПОРТФУДБАЛ

Коман се сели во Саудиска Арабија, има понуда од 120 млн евра

Кингсли Коман би можел да биде уште еден од играчите кои ја напуштаат Европа и заминуваат во Саудиска Арабија, бидејќи и тој добил богата понуда од таа земја, пишуваат медиумите во Германија.

Advertisements

Голем интерес за Коман покажал Ал-Хилал, кој веќе неколку дена преговара со Баерн Минхен. Според германскиот „Скај Спорт“, клубовите постигнале договор и Баварците се согласиле да го продадат францускиот играч.

Баерн е задоволен од понудата на Ал-Хилал и даде зелено светло за продажбата на Коман, но трансферот сè уште не е завршен бидејќи играчот треба да се согласи на она што му го нудат саудијците. Сега сè е во рацете на Коман, но изгледа дека е само прашање на време кога неговиот трансфер во Ал-Хилал ќе биде официјализиран.

Ал-Хилал му нуди неверојатни 120 милиони евра за тригодишен договор. Коман ја започна својата кариера во дресот на ПСЖ, а досега има играно и за Јувентус и Баерн. Инаку, со баварците има договор до летото 2027 година, но поради честите проблеми со повреди во претходните сезони, повеќе беше надвор од теренот отколку што играше.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button