
Командантот на КФОР, унгарскиот генерал Ференц Кајари оцени дека моменталната ситуација на Косово е генерално стабилна и дека КФОР продолжува да го извршува својот мандат на дневна основа. Во интервју за приштинската новинска агенција КосовоПрес, Кајари рече дека го поздравува неодамнешниот договор во Брисел со кој се реши ситуацијата на северот на Косово, што настана „по воведувањето на мерката за реципроцитет за регистарските таблички”.