ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

(ВИДЕО) Комбе со 23 мигранти се преврте во Велес, уапсени две лица

Товарно возило – комби, полно со мигранти вчеравечер бегајќи од полицијата паднало во ископан канал на една од главните улици во Велес.

Advertisements

Инцидентот се случил околу 20:30 часот на улицата „8 Септември“ во Велес.

Оттаму информираат дека во случајот се уапсени две лица, 18-годишник од селото Стар Караорман, Штипско, кој го управувал комбито марка „форд“ и негов врсник од Штип кој му бил сопатник.

Во комбито биле пронајдени 23 лица – мигранти од Сирија од кои 10 се малолетници.

Полициски екипи триесетина минути претходно се обиделе да го запрат возилото на автопатот А1, но возачот со иницијали А.И. продолжил со движењето и влегол во Велес, каде што паднал во ископаниот канал по бркотница со полицијата.

„На 29.10.2023 во 20:30 часот на ул. ’8 Септември’ во Велес, полициски службеници од СВР Велес во координација со полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово ги лишиле од слобода А.И. (18) од с. Стар Караорман, Штипско и Т.Ј. (18) од Штип затоа што во товарното возило ’форд’ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал А.И., а сопатник бил Т.Ј., биле пронајдени 23 лица мигранти од Сирија, од кои 10 малолетници.

Имено, во 20:05 часот на автопатот А1, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово дале знак за запирање на возилото, но А.И. продолжил со движење и со возилото влегол во Велес и на ул. „8 Септември“ излетал од патот и со возилото паднал во ископ“, се наведува во информацијата од МВР.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button