Комисијата за деловнички и мандатно имунитетни прашања се уште нема закажано седница по приговорот на СДСМ за непостапувањето на Гаши, за предлог законот за бранители
Комисијата за деловнички и мандатно имунитетни прашања се уште нема закажано седница по приговорот на СДСМ за непостапувањето на Гаши, за предлог законот за бранители

Комисијата за деловнички и мандатно имунитетни прашања се уште нема закажано седница на која ќе се расправа по приговорот на СДСМ за непостапувањето на првиот човек на Собранието, Африм Гаши, кој одби да свика седница на Комисијата за социјална политика, за да се расправа за предлог законот за бранители. Претседателот на оваа комисија, Миле Лефков, за Алсат вели дека испратил допис до сите координатори на пратеничките групи, со цел да се одреди датум.
Пратеничката Славјанка Петровска од СДСМ смета дека несвикувањето на седницата ја докажува тиранијата на парламентарното мнозинство.
Во меѓувреме, Левица отиде чекор понатаму поднесувајќи кривична пријава против Гаши. За законот за бранители се скептични дека ќе може да се расправа на пленарна седница.
Во меѓувреме, СДСМ повторно ќе побара предложениот закон да се стави на дневен ред на комисијата за социјална политика, чија седница е закажана да се одржи в петок./Алсат.мк
Зекирија Хаџиу