ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Комисијата за финансии и буџет во Собранието не даде согласност за работата на Државната комисија за жалби по јавни набавки

Државната комисија за жалби по јавни набавки во 2024 година не ги реализирала неопходните активности за брза, објективна и ефикасна правна заштита во постапките за јавни набавки – ова беше заклучокот што денеска го усвои собраниската комисија за финансии и буџет, која го разгледа извештајот за работата на оваа комисија. Поголемиот дел од пратениците усвоија заклучок дека комисијата за жалби не ги постигнала целите, приоритетите и резултатите кои се очекуваат од неа. Како што рекоа, извештајот е „copy-paste“ верзија од оној од 2023 година, кој исто така не беше усвоен. Овој заклучок не беше прифатен од пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи.

Advertisements

Токму нискиот број на предмети што завршуваат во суд претставува загриженост за пратеникот Бојан Стојановски.

Во 2024 година, до Државната комисија за жалби по јавни набавки пристигнале и биле формирани вкупно 1014 предмети, од кои 25 биле наследени од 2023 година. Од нив, за 969 предмети се донесени одлуки, додека 45 останале нерешени. Овој број укажува дека не се малку злоупотребите или обидите за злоупотреби при јавните набавки. Таков случај имавме и минатата година, кога Финансиската полиција поднесе кривична пријава против раководството на Државната лотарија и сопственикот на компанијата „Ритрон Копи“ од Куманово, поради злоупотреба на постапката за јавна набавка. Тогашниот директор на Државната лотарија, во моментов во бегство, Перпарим Бајрами, во периодот од 2022 до 2024 година потпишувал фактури со невистинита содржина за набавка на телевизори, печатачи и компјутерска опрема, со што бил оштетен буџетот за 22 милиони денари.

Зекирија Хаџиу

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button