ВЕСТИЗДРАВСТВОМАКЕДОНИЈА

Комисијата за заразни болести предлага да се заострат мерките за невакцинираните

Задолжителна вакцинација за сите вработени во државните институции предложи Комисијата за заразни болести. Од невакцинираните лица ќе се бара да покажат негативен пцр тест најмалку во последните 72 часа што сами ќе си го платат. Како доказ може да се користи и потврдата со која се докажува дека лицето го прележал вирусот пред 45 дена.

Advertisements

Невакцинираните што ќе можат да влезат на своите работни места ќе бидат само лицата кои по препорака на лекар специјалист не треба да ја примат вакцината против коронавирусот.

Во меѓувреме задолжителна вакцинација ќе биде за сите здравствени работници.

Владиниот портпарол Душко Арсовски рече дека предлогот на Комисијата за заразни болести ќе се најде на дневен ред на седницата во вторник.

Преку овие мерки здравствените власти очекуваат значително зголемување на бројот на вакцинирани граѓани против Ковид19. Во моментов во земјава се вакцинирани 38% од населението, додека за да се постигне колективен имунитет потребно е да се вакцинираат 80-90% од населението.

Вјолца Алити

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button